Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз стигна до титулата на АТП мастерс 1000 турнирот во Синсинати. Иако финалето требаше да биде вистински спектакл, тоа не се случи поради здравствената состојба на Јанис Синер.
Првиот тенисер на светот имаше проблеми со стомакот во текот на целиот прв сет во кој неколку пати бараше и помош од официјалниот лекар на турнирот.
Откако виде дека едноставно не оди понатаму, при резултат 0-5 се одлучи да го предаде натпреварот против Карлос Алкараз.
И покрај здравствени проблеми, Синер останува заедно со Алкараз најголем фаворит за освојување на титулата на УС опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

