Кошаркарската јавност со нетрпение го очекуваше спектакуларниот дуел меѓу Никола Јокиќ и Јанис Адетокумбо за време на турнирот што викендов ќе се игра на Кипар, каде ќе учетвуваат Грција, Србија и Израел.
За сабота е закажан дуелот меѓу Србија и Грција, но сепак ќе изостане пресметката на кошаркарските џинови откако Јанис воопшто не отпатува со грчката селекција за овој турнир. Асот на Милвоки го пропушти првиот контролен меч на нашиот јужен сосед летово, но беше најавено дека тој ќе се приклучи навреме за настап на овој турнир, за да влезе во ритам за стартот на Евробаскет закажан за 27 август.
Грците попладнево само објавија дека Јанис нема да биде во тимот, не образложувајќи ја причината за отсуството на најдобриот кошаркар.
На спротивната страна, Србија ќе биде со сите свои ѕвезди на овој турнир, а поради ситни повреди селекторот Пешиќ ги остави во Белград поранешните играчи на Партизан, Ален Смаилагиќ и Урош Трифуновиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

