Ништо од трансфер: Димитриевски останува во Валенсија

И покрај најавите дека ќе го напушти тимот на Валенсија и ќе оди на позајмица во друг клуб, македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски останува во Валенсија најмалку во следните шест месеци.

Ова го тврдат неколку шпански медиуми запознаени со ситуацијата во Валенсија. Иако има опасност да не брани, со оглед дека во првите три кола го немаше на голот на „лилјаците“, сепак, Македонецот се реши да остане и да се бори за место во екипата.

Валенсија донесе нов голман во миговите кога се очекуваше Димитриевски да го заземе стартното место, но тоа не се случи. Новиот голман Агирезабала засега има доверба од стручниот штаб, а репрезентативниот чувар на мрежата останува на клупата.

Покрај интересот од Фенербахче, Селта, Леванте, сепак, на крајот ништо од трансфер за Димитриевски, кој сега ќе се посвети на подготовките на репрезентацијата за мечевите со Саудиска Арабија и квалификацискиот дуел против Лихтенштајн.

Се вчитува...