Не му оди најдобро на англискиот првак Челси при ангажманот на нови засилувања ова лето. Прво Манчестер јунајтед ’пред нос’ му го украде Ромелу Лукаку, а сега најверојатно се изјалови и трансферот на Тиму Бакајоко од Монако. Играчот за врска на „кнезовите“ пристигна во Лондон на медицински прегледи, но кога се очекуваше да биде објавен трансферот вреден 40 милиони фунти, сепак, до тоа не дојде.
Бакајоко не ги минал медицинските тестови, и засега овој трансфер е откажан. Одличниот играч од средниот ред на Монако имаше операција на коленото на крајот од сезоната, но, најавите беа дека ќе биде максимално подготвен за стартот на новата натпреварувачка сезона. Сепак, Бакајоко се враќа во Франција, а трансферот засега е откажан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА