Ништо од Вардар: Душебаев се сели во Бундеслигата

Еден од најдобрите шпански ракометари на денешницата Алекс Душебаев на крајот на сезоната официјално заминува од редовите на Кјелце и кариерата ќе ја продолжи во германската бундеслига.

Нов клуб на искусниот ракометар ќе биде Гумерсбах на големо незадоволство на фановите на Вардар кои се надеваа дека 33-годишникот повторно ќе го облече „црвено-црниот“ дрес.

Душебаев со успех настапуваше за Вардар од 2013 до 2017 година, а и покрај тоа што не криеше дека негува убави спомени од Скопје, работите во клубот од главниот град сега се далеку поразлични од „златната ера“.

Покрај за Вардар и Кјелце, во текот на кариерата Душебаев настапуваше и за Суидад Реал, Ла Риоха и Арагон.

Се вчитува...