Ништо од Вардар, Николов потпишува за Борац Бања Лука

Иако се беше договорено со Вардар, сепак, во последен момент Бобан Николов ќе стане играч на Борац Бања Лука, и ќе му се приклучи на Дамјан Шишковски во овој клуб од БИХ.

Николов е без ангажман веќе некое време, а беше поврзуван со тимот на „црвено-црните“, но приоритет му беше трансфер во странство. Тој ќе игра во Лигата на Конференции со екипата на Борац.

Последен клуб на Николов беше Кишварда од Унгарија, а претходно беше дел од ФЦСБ (Стеауа), а со Шериф Тираспол играше во Лигата на шампионите. Беше дел и од Лече, Фехервар, Вардар, Виторул.

За репрезентацијата на Македонија има 48 настапи, но веќе подолго време не е во плановите на Благоја Милевски за националниот тим.

Се вчитува...