Ништо од враќање на „Вестфален“: Гиндоган ќе остане во Манчестер Сити

Илкај Гиндоган ќе остане да настапуваза Манчестер Сити. Германецот минатото лето се врати во Англија по едногодишниот престој во Барселона, и потпиша едногодишен договор со можност за негово продолжување на уште една.

Според менаџерот на Сити, опцијата за уште една сезона е веќе активирана, и тој останува дел од „Граѓаните“ и во следната сезона.

„Тој има уште една година од договорот. Не знам што ќе се случува минатото лето, но останува до крајот на идната сезона“, изјави Гвардиола по победата над Кристал Палас.

Со тоа пропадна можноста за „кам-бек“ во дресот на Борусија Дортмунд, кој силно посакуваше негов „кам-бек“ на Вестфален на крајот на сезоната.

Засега е сигурно дека тимот на Манчестер ќе го напушти Кевин де Брујне, и најверојатно истото ќе се случи и со Кајл Вокер.

Се вчитува...