Ништо од враќање во Партизан – Бертанс е нов кошаркар на Голден Стејт

Летонскиот кошаркар Давис Бертанс ќе остане во НБА и следната сезона. Давис Бертанс беше желбата на Партизан ова лето, но секогаш беше јасно дека повеќе би сакал да остане во НБА доколку добие договор.

Покрај Партизан, за неговите услуги се интересираше и Реал Мадрид, но одличниот шутер најверојатно ќе остане во најсилната кошаркарска лига на светот.

Како што пренесуваат американските медиуми, Дејвис Бертанс ќе тренира со Голден Стејт Вориорс во предсезоната (до почетокот на сезоната во НБА) и има добри шанси да добие договор од нив.

Вориорс останаа без Клеј Томпсон, а го доведоа Бади Хилд како негова замена. Секако дека работата не е завршена, но се очекува Бертанс да настапува за Вориорс на почетокот на следната сезона.

Се вчитува...