И покрај тоа што се шпекулираше дека после овој викенд, Нотингем Форест ќе го смени тренерот Стив Купер, и на негово место ќе дојде Хулен Лопетеги, сепак, со „ремито“ со Вулверхемптон актуелниот менаџер на Нотингем си „купи време“, барем неколку дена.
Со ова реми, тимот ја прекина серијата од пет порази по ред во Премиерлигата. Англиските медиуми пренесоа дека Купер е веќе поранешен, и се е е подготвено за враќање на Лопетеги на клупата на еден премиерлигаш.
Меѓутоа сопственикот на Форест засега се премислил, па Лопетеги ќе почека за својот „кам-бек“. Клупата на Купер и натаму е несигурна, и покрај освоениот бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА