Ништо од заминување: Рафаел Леао останува во Милан

И покрај тоа што се поврзуваше со голем број од европските гиганти и на големо се пишување за негово заминување, португалскиот интернационалец Рафаел Леао останува верен на италијанскиот калчолигаш Милан.

Од клубот од „Сан сиро“ денеска потврдија дека се договориле за продолжување на договорот со Португалецот до 2028 година.

Леао годишно ќе заработува по 5 милиони евра, плус ќе може да заработи уште два до три милиони евра од бонуси.

Доколку некој сака да го купи на „росонерите“ ќе мора да им исплати 175 милиони евра.

 

Се вчитува...