Ништо повеќе нема да биде исто: „Панини“ по пет децении ги укинува познатите албуми со сликички од фудбалери

Како што најавуваат од „Панини“, албумите со сликите ќе бидат откажани пред Европското првенство во Германија во 2024 година. Првиот албум со слики од фудбалери беше објавен пред Светското првенство во Италија во 1970 година, а осум години подоцна, по повод Светското првенство во Германија во 1978 година, премиерата на изданието излезе во продажба ширум светот.

Оттогаш, албумот на „Панини“ добива култен статус, а во многу земји во светот се разменуваат слики пред големите првенства, како дел од поголемите собири на разменувачи на слики, како што традиционално се организира во Белград во хотел „Москва“. „Панини“ постигна рекорден број продадени налепници во 2006 година во врска со Светското првенство во Германија, кога беа продадени над 800 милиони налепници.

Непосредно пред Европското првенство во Германија во 2024 година, „Панини“ и официјално ќе го откаже печатењето на албуми и сликички.

Се вчитува...