„Ништо против ништо“ помеѓу Лече и Болоња

Дуелот помеѓу Лече и Болоња заврши без победник и без голови. Во текот на целиот меч, двата тима беа израмнети, а Болоња имаше само еден шут повеќе од противникот, откако упати два удари во рамките на голот, додека Лече само еден.

Возбудувања имаше само пред крајот, кога Болоња постигна гол и гостинскиот тим се радуваше. Но, нивната радост беше скратена по консултација со ВАР судиите.

Болоња стигна до 37 бодови, додека Лече освои 23 бодови на табелата.

Се вчитува...