Кристијано Роналдо не е посериозно повреден, покажаа лекарските прегледи откако португалскиот ас се пожали на болка во мускулот и мораше предвреме да го напушти теренот за време на денешниот тренинг на Јувентус.
Лекарскиот тим на „старата дама“ веднаш потоа изврши детални прегледи врз Португалецот, но беше утврдено дека не станува збор за ништо посериозно и дека Кристијано веќе од утре ќе може да тренира со остатокот од тимот. Јавна тајна е дека Португалецот сака да си замине од Јувентус, но проблем е што ниту еден клуб не е подготвен да ја покрие платата од 31 милион евра што тој ќе ја земе според актуелниот договор со најтрофејниот италијански клуб.
Останува да се види дали тренерот Алегри ќе го вклучи Роналдо во стартниот тим за следниот дуел со Емполи, откако го остави на клупата за резерви во првото коло против Удинезе, давајќи им предност на Дибала и на Мората.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА