Најпрестижната награда Златна топка, од идната година заеднички ќе ја доделуваат Европската фудбалска унија (УЕФА) и Амаури Група која го претставува францускиот неделник „Франс Фудбал“ и весникот „Л’Екип“.
УЕФА и Амаури Група, творецот на Златната топка, потпишаа договор во партнерство за соорганизација на доделувањето на оваа награда од идната година.
Договорот е потпишан на седум години, откако е раскината досегашната соработка меѓу француските организатори и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). „Амаури“ ќе остане мнозински сопственик на Злаатната топка, и натаму ќе има уддел во гласањето.
Од идната година ќе бидат додадени и две нови категории: тренер на годината и женски тренер на годината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА