Манчестер јунајтед го одигра веројатно најдобриот натпревар сезонава и тоа само неколку дена по отказот на Ерик тен Хаг откако славеше со 5-2 против Лестер во меч од осминафиналето во Лига купот.
На двапати за „црвените-ѓаволи“ беа стрелци Бруно Фернандеш и Касемиро, додека еден гол постигна и Алехандро Гарначо. Погодоците за гостите ги постигнаа Ел Канус и Коуди.
Manchester United [5] – 2 Leicester – Bruno Fernandes 59'
byu/etclassico insoccer
До лесна победа стигна и Арсенал кој славеше со 0-3 на гостувањето кај Престон. Стрелци за топчиите беа: Габриел Жезус, Нванери и Хаверц. Њукасл го шокираше Челси со 2-0 со голот на Исак и автоголот на Дисаси, додека Астон Вила загуби од Кристал Палас со 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА