Ница ќе мора да се справува со Наполи без главните ѕвезди Марио Балотели и Весли Снајдер. Двајцата фудбалери поради повреди ќе го пропуштат првиот дуел од двомечот за пласман во групната фаза од Лигата на шампиони, кој се игра утревечер на „Сан Паоло“.
Тренерот на Ница, Лусиен Фавр, изјави дека големи се шансите Балотели и Снајдер да не бидат достапни за двомечот со Наполи, а клубот ја потврди листата од 21 фудбалери, без нивните имиња, кои ќе патуваат за Италија. Фавр исто така потврди дека италијанскиот напаѓач се уште се опоравува од повредата на коленото.
Францускиот прволигаш не сметашe на нив и во поразот пред три дена од Троја во француското првенство, додека на истиот меч Ница мораше да се соочи со нови проблеми откако се повреди и Басим Срарфи, кој исто така нема да биде во составот за утрешниот прв натпревар против Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА