Ница загуби на домашен терен од Клермон со минимални 0-1 во натпревар од 23. коло во француската Лига 1. Клучниот момент во натпреварот се случи во 77. минута кога Рашани ги замолчи навивачите од Азурниот брег.
Бордо доживеа вистински срам откако беше поразен на гостувањето кај Ремс со убедливи 5-0. Срамот да биде уште поголем покрај петте примени голови, фудбалерот на гостите Игнатенко доби директен црвен картон во 72. минута.
Во останатите мечеви од терминот во 15 часот: Стразбур – Нант 1-0 и Троја – Мец 0-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

