Ница и Ајакс вечерва го играат првиот дуел од двомечот во квалификациите за ЛШ, но францускиот тим го остави за момент ривалството на страна изразувајќи му поддршка на Абделнак Нури, кој се здоби со трајни повреди на мозокот откако колабираше за време на пријателскиот натпревар со Вердер.
Францускиот тим излезе на загревање во маици со порака „Остани силен, Апи (прекарот на Нури)“, во знак на поддршка кон младиот фудбалер чија кариера е прекината со овој трагичен настан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА