Анте Будимир со два гола во 8. и во 20. минута од средбата против Виљареал, ја донесе Осасуна во предност од 2-0. Се чинеше дека домашните ја имаа целата контрола на резултатот и на играта, и дека ќе дојдат до нова победа.
Сепак, шансите кои ги имаше Виљареал, требаше да бидат предупредување за домашните, кои очигледно не ја научија лекцијата. Затоа во вториот дел шансите гостите ги претворија во два гола, и се спасија од пораз.
Баена во 67. минута успеа да намали и да ја донесе „жолтата подморница“ до гол негатива. Во третата минута од судиското продолжение Морена го претвори пеналот во гол, за нерешено и за бод за гостинот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА