Ниту Анчелоти, ниту Гвардиола: Бразил назначи нов селектор

Бразилската фудбалска репрезентација денеска објави дека го назначува Рамон Менезес за нов селектор на националниот тим. Бразил си закажа пријателска средба со Мароко на 25. март во Тангер во сверниот дел на Мароко, со што ќе биде првпат Бразил да игра во Мароко.

Рамон Менезес досега ја водеше репрезенацијата на Бразил до 20 години, и назначен е за привремен селектор, со можност да биде продолжен договорот и да ја води селекцијата и во следните две години. Менезес минатата недела ја освои титулата во Јужна Америка со селекцијата на Барзил во 20 години.

Инаку Мароко требаше да игра пријателска средба со Македонија во Франција, меѓутоа наместо тоа, Македонија ќе ги одмери силите со Фарски Острови.

Бразилската репрезентација остана без селектор по оставката на Тите по неуспехот на Мундијалот во Катар. Бразил испадна во 1/4 финалето од Хрватска на пенали, иако важеше за голем фаворит за освојување на пехарот. За клупата се споменуваа големи имиња како Пеп Гвардиола, Карло Анчелоти, Зинедин Зидан…

Менезес во минатото беше тренер на Васко Де Гама, Виторија, Регатас, Гуарани, Томбенсе, Анаполис,… Интересно е што никаде не се задржа повеќе од една сезона.

Се вчитува...