Аргентинскиот ас Лионел Меси го доби признанието „The Best“ на гала свеченоста на ФИФА за најдобар фудбалер во 2019 година, но не доби ниту еден глас од македонскиот селектор Игор Ангеловски и од капитенот Горан Пандев. Ангеловски гласаше за Вирџил ван Дајк (5 поени), Садио Мане (3 поени) и за Мохамед Салах (1 поен). Горан Пандев го имаше истиот редослед – Ван Дајк, Мане и Салах.
Од македонските новинари гласаше Мијалче Дургутов, кој најмногу поени му даде на Мохамед Салах, пред Лионел Меси и Вирџил ван Дајк.
Капитенот на женскиот национален тим Наташа Андонова гласаше за победничката Меган Рапино, а потоа и за Луси Бронз и за Алекс Морган, додека селекторот Кирил Изов гласовите ги даде за Алекс Морган (5 поени) Мидема Вивиан (3 поени) и Елен Вајт (1 поен).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА