Кошаркарите на Фенербахче стигнаа и до 15-та победа во 16. коло од Евролигата овој пат пред своите навивачи славејќи против Басконија со 96-87.
Турците во континуитет од почетокот на мечот, полека но сигурно, го рушеја отпорот на гостите контролирајќи постојана предност. На полувремето Фенербахче замина со седум поени предност (48-41) сосема доволно да го контролира резултатот и во вториот дел стигнувајќи до заслужена победа.
Најефикасен во редовите на домашните Николо Мело со 19 поени, а Јан Весели мечот го заврши со 15 постигнати поени. Со по 13 постигнати поени натпреварот го завршија Луиџи Датоме и Костас Слукас. Кај Басконија се издвои Шевон Шилдс со 22 поени и пет скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА