Ниту Бенитез, ниту Џерард – Евертон најде нов тренер

Евертон ја финишира потрагата по нов тренер откако „карамелите“ влегоа во завршна фаза од преговорите со Нуњо Еспирито Санто, за екс-менаџерот на Вулверхемптон да го наследи Карло Анчелоти на „Гудисон парк“. Во изминатиот период со клупата на „сините“ од Ливерпул беа поврзувани Рафа Бенитез и Стивен Џерард, но челниците на Евертон на крајот решија да го ангажираат Санто како свој предводник од клупата.

Португалецот пред една седмица беше многу блиску до потпис со Кристал Палас. Преговорите во последен момент пропаднаа, по што Евертон ја презеде главната улога во трката по овој стручњак. ББЦ јавува дека Санто и „карамелите“ веќе ги договориле клучните аспекти од соработката, а во текот на викендов и официјално ќе биде потпишан договорот меѓу двете страни.

Вулверхемптон на крајот од сезонава објави дека се разделува од Нуњо Еспирињо Санто, стратегот кој успеа да ги внесе и да ги одржи „волците“ во елитното англиско друштво. На негово место Вулвс за нов менаџер го донесоа поранешниот стратег на Бенфика, Бруно Лаге.

Се вчитува...