Ракометарите на Барселона дојдоа до победа над ПСЖ во дербито во Лигата на шампионите. Меѓутоа ова не личеше на дерби, затоа што Барселона во текот на целиот меч ја имаше контрола на играта и на резултатот. Само опуштањето во вториот дел придонесе резултатот да биде само пет гола рзлика, со оглед дека на полувреме Барса имаше +10 (26-16).
Таа разлика од 10 беше највисоката, а францускиот тим се обиде да се врати во второто полувреме, но разликата беше огромна. Најмногу стигна до четири голови негатива, меѓутоа немаше сила за повеќе.
Гомез кај победничкиот тим постигна 10 голови, додека Пранди кај ПСЖ на крајот запиша 14 голови, но ја немаше поддршката од другите соиграчи. Со оваа победа Барселона стигна до бројката девет триумфи, додека ПСЖ го запиша седмиот пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

