Нов главен фаворит исплива за клупата на Тотенхем. Иако во последните денови многу се шпекулираше со имињата на Роберто де Зерби, доскорашниот тренер на Олимпик Марсеј, како и со екс тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, сепак, честа да го води лондонскиот тим ќе му припадне на Игор Тудор.
Хрватот кој е без работа откако беше сменет од Јувентус, сега е на добар пат да го води лондонскиот тим, што ова ќе му биде прв негов предизвик во Премиерлигата.
Тудор ќе го води тимот до крајот на сезоната, со можност договорот да биде продолжен ако од екипата изразат задоволство од неговата работа.
Хрватскиот стручњак покрај Јувентус, во минатото беше тренер и на Лацио, Олимпик Марсеј, Верона, Удинезе, Хајдук, Галатасарај, ПАОК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

