Џирона во првиот дел одлично се држеше во дуелот со Ливерпул во Лигата на шампионите, па дури имаше шанса и да поведе. Меѓутоа на крајот ниту шпанскиот тим не успеа да застане на победничкиот пат на „црвените“.
Ако во првиот дел беа рамноправни, во вториот дел Ливерпул успеа да дојде до еден гол, вреден победа. И тоа од белата точка преку Мохамед Салах во 63. минута. Ливерпул се стабилизираше, па така не дозволи противникот да се закани, и да ја загрози новата, шеста победа на „црвените“ во Лигата на шампионите.
За домашните не играше Бојан Миовски поради повреда.
Во Загреб дуелот помеѓу Динамо и Селтик заврши без голови. И покрај тоа што двата тима имаа шанси, сепак, на крајот мрежите мируваа. За домашните Куленовиќ и Батурина се заканија, додека кај гостите Картер-Викерс и Лук МекКоуван имаа прилики.
За тимот од Загреб играше Стефан Ристовски, додека Адеми го немаше поради повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

