Ниту добрата партија на Дончиќ не е доволна: Хрватска убедливо ја совлада Словенија

Кошаркарите на Хрватска ја совладаа Словенија во првито натпревар од олимписките квалификации во Пиреја. И покрај одличната игра на Лука Дончиќ, кој постигна трипл-дабл, сепак, Хрватите беа далеку подобар противник, и на крајот славеа победа од 108-92.

Уште по првата четвртина се насетуваше дека „коцкастите“ ќе бидат екипата која ќе ги освои бодовите, откако првиот дел го добија со предност од 15 разлика (31-16). Не успеа Словенија да се врати во втората четвртина, а во третата Хрватска повторно доминантна, и тука веќе беше решен победникот.

Дончиќ постигна 26 поени, имаше 11 скока и 10 асистенции. Филиповиќ кај Хрватите постигна 21 поен.

Во другите натпревари, Шпанија убедливо ја совлада Либан со 104-59, додека Летонија беше подобра од Грузија. Бахамите ја победија Финска, а Доминиканската република беше подобра од Египет. Црна Гора загуби од Бразил со 81-72.

Се вчитува...