Ниту еден белгиски град не сака да ги угости Израелците

Фудбалската федерација на Белгија со соочува со огромен проблем откако ниту еден белгиски град кој ги има потребните условите за организација на натпреварот помеѓу Белгија и Израел во Лигата на Нации не изрази желба за домаќинство.

Причината за тоа е војната помеѓу Израел и Палестина и сензитивноста на темата. За организација на еден ваков настан поготово во држава која неодмана прими голем број на избеглици од Блискиот исток потребни се големи сигурносни мерки на кои не се нафаќаат градските власти и под услов истата да биде одиграна без присуство на публика па се појави можност средбата да биде одржана во Унгарија.

Тоа е голем удар за Фудбалската федерација на Белгија која годината ќе ја заврши со загуба од 12 милиони евра. Со неодигрувањето на натпреварот во Белгија ќе има дополнителна загуба од еден милион евра бидејќи ќе мора да плаќа и патни трошоци и наем на стадионот во Унгарија.

Се вчитува...