Ниту еден позитивен допинг тест на ЗОИ во Милано и Кортина

На Зимските олимписки игри во Милано и Кортина не е регистриран ниту еден случај на прекршување на антидопинг правилата, објави Би-Би-Си. За време на Игрите одржани во февруари, собрани се повеќе од 3.000 примероци од речиси 2.000 спортисти и не се пријавени никакви прекршувања на антидопинг правилата.

Ова се првите Зимски олимписки игри од Игрите во Јапонија во 1998 година на кои немало позитивен тест за време на натпреварувањето. Во годините по Олимписките игри во Лондон во 2021 година, одземени се 31 медал, а уште 46 се прераспределени поради тестови за допинг.

Извештајот на Мекларен, нарачан од Светската антидопинг агенција (WADA), подоцна откри дека Русија водела државна програма за допинг од 2011 до 2015 година, период што ги опфаќа Олимписките игри во Лондон во 2012 година и Зимските олимписки игри во 2014 година.

Сепак, само затоа што немало позитивни тестови, не значи дека можеби нема да има во иднина. Како што пишува Би-Би-Си, примероците од спортистите се чуваат десет години за да се овозможи ново тестирање кога ќе се појават нови техники.

Се вчитува...