Ниту еден тим не знае(л) кој ќе ја добие „Златната топка“

Ниту еден клуб ниту играч не знае кој ќе ја добие „Златната топка“, изјави за „Франс прес“ еден од организаторите на оваа церемонија во фудбалот.

Оваа информација доаѓа откако од Реал Мадрид одбиле да патуваат во Париз, огорчени откако дознале дека нивниот играч Винисисус Жуниор нема да ја добие оваа награда.

„Сите клубови и играчи се третираат на ист начин“, додаде изворот на Агенцијата.

Церемонијата е вечерва од 20:45 часот. Најверојатно наградата ќе му припадне на играчот на Манчестер Сити, Родри, додека позади Винисиус кој е второпласиран е Белингем.

Се вчитува...