Ниту енергија, ниту срце, ниту игра – „Потоп“ на „Паркен“ за неславен крај на мундијалскиот сон!

ЕКИПА во Копенхаген,

Владимир Булатовиќ

Ниту енергија, ниту засилен мотив, ниту некаква игра, ниту елиминација на Данска, како што силно се најавуваше пред мечот, демонстрираа македонските репрезентативци на „Паркен“ во Копенхаген доживувајќи „потоп“ со пораз од 4-0 од Данска во полуфиналето од плејоф баражот за пласман на СП 2026. Македонија крајно бледа игра без ниту еден шут во рамките на голот на домашните низ 90 минути, за апсолутно неславен крај на мундијалскиот сон!

А, Данците како да оставија едно полувреме да не „снимат“, за потоа тотално да ги декласираат македонските репрезентативци со четири гола во второто полувреме.

По крајно мирен почеток на мечот, без ниту една шанса на двете страни, првата можност ја имаа Данците дури во 14. минута од средбата, кога Хојлунд шутираше откосо, но неговиот шут од десеттина метри блокиран во корнер.

Данците, кои играа без стандардните првотимци во одбраната, оставаа огромен простор за наша игра на нивна половина, но Ќамили и Чурлинов во два наврати не знаеја да го искристат тоа, за малку немоќни во обидот да го загрозат противничкиот гол.

И првата вистинска шанса за домашните во 17. минута кога Меле сам се изби по левата страна, но Димитриевски го одбрани неговиот шут од непосредна близина.

Во 25. минута, Хојбјерг одлично шутираше од околу 22 метри, но Димитриевски повторно одлично интервенира. Во 38. минута обид и на Баг од 25 метри, но покрај македонскиот гол.

Данците се обидуваа преку шутеви од далечина, но сето тоа безопасно се до 39.минута кога по нападот на Исаксен по десната страна, нашиот голман одлично интервенираше пред Хојлунд.

И во второто полувреме целосен потоп на Македонија. Данците како да извадија нова селекција, со веќе прочитана тактика на нашата селекција.

Само што почна вториот дел, ладен туш на македонската селекција. Убав напад на домашните по средината од теренот, Хојлунд проигра со Исаксен, Херера во прв момент успеа да блокира, но потоа Стојчевски не успеа да расчисти до крај а Дамсгард од непосредна близина стрелаше за 1-0 на Данска во 49.минута.

По водството на Данците, први поотворени напади за Макдонијиа на мечот, па Барди во 55. минута се најде во одлична позиција, но од 16 метри шутираше покрај домашниот гол. Тоа беше и прв шут на македонската селекција кон голот на Данска.

Но, веќе во 58. минута и 2-0 за Данска. Одлично нафрлување од левата страна на Дамсгард, а Исаксен на втора статива од непосредна близина, покрај Херера, стрелаше за 2-0.

И, не поминаа ниту 50 секунди, а повторно напад на домашните. И втор гол на Исаксен по одбиена топка и веќе и за 3-0. Но, нападите на домашните не запреа само на тоа, во 61. минута нова 100% шанса на Данска, но Хојлунд сам пред Димитриевски шутира за малку покрај дирекот на македонскиот гол.

Во 72. минута, обид на Растодер, но млак, лесен плен за домашниот голман Хермнсен. И толку.

Потоа се беше единствено игра на Данците пред нашиот гол, без воопшто наш обид барем минимално да се загрози противничкиот гол. За рутински крај на Данците и победа од 4-0 и пласман во финалето од баражот за пласман на СП 2026.

ПЛЕЈОФ БАРАЖ ЗА СП 2026 – ПОЛУФИНАЛЕ
ДАНСКА – МАКЕДОНИЈА 4-0 (0-0)
Паркен стадион во Копенхаген. Гледачи: 37.000. Главен судија: Феликс Цвајер. Помошници: Кемптер и Шал. Четврти судија: Сиберт. ВАР СУДИЈА: Данкерт (сите од Германија). Стрелци: Дамсгард 49′, Исаксен 58′, 59′, Норгард 76′ (Д)
ДАНСКА: Хермансен, Бах, Норгард, Нелсон, Меле, Хојберг, Хјулманд, Дамсгард, Исаксен, Фрокхолт, Хојлунд
Селектор: Брајан Ример
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Чурлинов (64′ Миовски), Стојчевски, Зајков, Муслиу, Херера, Барди, Атанасов (64′ Дориев), Елмас, Ќамили (64′ Алими), Растодер (77′ Мусовски)
Селектор: Гоце Седлоски

Се вчитува...