Македонскиот кошаркар Перо Антиќ одигра одлична партија за својот нов клуб, белградска Црвена Звезда, на отворањето на сезоната во Евролигата. Меѓутоа ниту феноменалниот Антиќ кој беше најдобар поединец кај белграѓани не успеа да ги спаси „црвено-белите“ од порез кои во 1. коло во Каунас загубија од Жалгирис со 78-76 (15-13,28-27,10-17,25-19).
Антиќ одигра нешто повеќе од 20 минути, постигнувајќи 17 поени, дополнети и со три скока и три украдени топки. Македонскиот кошаркар притоа имаше 3 од 5 во обидите за три поени, 2 од 5 за два поени и 4/6 од линијата за слободни фрлања. Милко Бјелица беше најефикасен кај Црвена Звезда со 18 поени.
Со една од трите тројки, на една минута до крајот Антиќ ја доведе Црвена Звезда до еден поен негатива (74-73), но до крајот Литванците успеаја да се одлепат на 78-73 и рутински да го доведат тимот до триумф.
Pero Antić relance l'Étoile Rouge de Belgrade à quelques secondes de la fin ! La tension est palpable sur #SFRSport 2 ??? #Euroligue pic.twitter.com/hyVloI05Cq
— SFR Sport (@SFR_Sport) October 13, 2017
Во победничкиот состав на Жалгирис предводеше Јанкунас со 15 поени, а Пангос мечот го заврши со 14 постигнати поени.
Во вториот денешен натпревар во Евролигата, Химки славеше против Валенсија со 75-70.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА