Манчестер Јунајтед е неочекувано тивок на пазарот во овој преоден рок во ситуација кога Аморим упорно бара освежување на играчкиот кадар, но информациите од Англија говорат дека „црвените ѓаволи“ работат напорно на засилувања за летниот преоден рок, за кога се најавува сериозен ремонт во играчкиот кадар.
Неофицијално, веќе е договорено и првото засилување за јули, и тоа од поранешниот клуб на Аморим, португалскиот првак Спортинг Лисабон. Сепак, не станува збор ниту за најдобриот стрелец Виктор Гиокереш ниту пак за клучниот дефанзивец Отавио, кои беа поврзани со гигантот од „Олд Трафорд“.
Суперталентот Џеовани Квенда би требало да биде првото големо засилување за Аморим откако Јунајтед нашол заеднички јазик со Спортинг за трансферот на овој 17-годишен фудбалер. Квенда важи за суперталентиран офанзивен десен бек, кој по потреба може да игра и како класично крило, две позиции на кои настапуваше за Аморим сезонава додека тој беше на чело на Спортинг.
Англиските медиуми тврдат дека Јунајтед го следел тинејџерот уште пред Португалецот да дојде на клупата, а во последните 30 дена преговорите биле интензивирани и вродиле со плод. Спортинг ја прифатил понудата со која португалскиот гигант ќе заработи загарантирани 55 милиони евра, а вкупната сума може да достигне до 80 милиони евра,
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА