„Кралевите“ го претрпеа првиот пораз во сезоната на „Бернабеу“ на срамен начин, започнува извештајот на „Марка“ за дебаклот на Реал против Селта (0-2). Гостите, да споменеме, ја постигнаа својата прва победа во лигата на „Бернабеу“ по 2006 година, дополнително продлабочувајќи ја кризата во Мадрид и тресејќи го столчето на Чаби Алонсо, кој ќе има големи проблеми во составувањето на тимот за следната рунда од Ла Лига, со оглед на тоа дека нема да може да смета на играчите кои „поцрвенеа“ во дуелот со Виго. А ги има дури тројца!
Еден од нив, е Фран Гарсија, кој доби можност да почне пред Карерас, кој подоцна исто така беше исклучен, се префрли на позицијата стопер поради недостаток на опции. Во 63. минута, тој направи „школски“ фаул и го спречи опасниот напад на Селта со жолт картон, но оној што помина некаде ни минута подоцна беше сосема непотребен, наивен, благо речено.
„Фран, не се задевај со мене“, извика бесниот Алонсо откако судијата му го покажа исклучувачкиот црвен картон.
Свое ново шоу во финишот имаше и Винициус жуниор кој повторно успеа да се извлече, но така не помина младиот Ендрик кој тргна да се тепа со судијата.
Endrick collect Red card for bench 😭
— Jo El (@Daht_benin_boy) December 7, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

