Иако Лигата на шампионите се врати со нокаут фазата, двата натпревари од денешната програма на се личат освен на најелитното натпреварување на стариот континент во кое играат најдобрите фудбалски клубови.
По 45 минути на мечевите меѓу Лацио и Баерн Минхен на „Олимпико“ и Пари Сен Жермен и Реал Сосиедад на „Паркот на принцовите“ мируваат мрежите. И на двата меча немаше ниту една посериозна шанса, а сите четири екипи играат внимателно како да нема реванш дуел.
Доколку Баерн Минхен не победи вечерва голема е шансата Томас Тухел веќе да добие отказ откако се поеизвесно е дека ќе ја загуби титулата во Бундеслигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА