Ниту Милан, ниту Реал – Салцбург го продаде Соболшлаи

Доминик Собошлаи е еден од најпосакуваните играчи во пресрет на јануарскиот преоден рок, за 20-годишниот играч за врска на Салцбург се интересираа Милан, Арсенал и Реал Мадрид, но унгарскиот репрезентативец на крајот сепак ќе замине во Бундес-лигата. Лајпциг ќе биде новиот тим на Собошлаи, уште еден доказ за блиската соработка на двата клуба зад кои стои светскиот бренд Ред Бул.

Унгарецот имаше клаузула што му дозволуваше да си замине од Салцбург за скромни 25 милиони евра. Реалната вредност на овој фудбалер е двојно повисока, па газдите одиграа на вистински начин, кога веќе треба да го продадат Собошлаи, тоа нека биде во нивниот клуб во Германија.

Австриските медиуми тврдат дека се е договорено, Лајпциг уште во следните седум дена ќе ја активира клаузулата, по што ќе потпише четиригодишен договор со унгарскиот интернационалец. Планот е јасен, тој да мине барем две сезони во дресот на Лајпциг, по што би бил продаден за повисока сума од овие 25 милионие евра.

Собошлаи и со 20 години важи за лидер на репрезентацијата на Унгарија. Од 16-годишна возраст тој се пресели во Австрија, најпрвин настапуваше во Лиферинг, а од 18 години веќе беше член на шампионот Салцбург. Сезонава тој има одиграно 19 средби за австрискиот првак, бележејќи осум гола и девет асистенции.

Се вчитува...