Ниту на дрога, ниту на алкохол: Марадона трошел по 100.000 долари месечно

Контроверзниот приватен живот на Диего Армандо Марадона долго време оставаше дамка врз фудбалската величина на аргентинската легенда. Сепак, по неговата смрт беше обелоденето дека Марадона најголемиот дел од своето богатство не го трошел на дрога и алкохол како што се шпекулираше, туку за финансиска помош на најзагрозените семејства во Аргентина.

Имено, педесетина семејства секоја месец добивале чекови од големиот ас, со сума што била доволна за нивно нормално функционирање. Вкупната вредност на овие чекови изнесувала 10 милиони аргентински пезоси (околу 100.000 долари), пари до кои Марадона секој месец доаѓал преку гостувања во Дубаи, Јапонија, Саудиска Арабија…

„Десет милиони пезоси, не изгледа како преголема сума бидејќи говориме за Марадона, но знаете ли колку луѓе живееја од тие пари. Тој неколку пати повторуваше: Хранам по 50 семејства. Зошто го говорам ова сега… бидејќи сметките на Диего се блокирани, кој ќе ги плаќа сега овие пари, за луѓето да имаат нормален живот“, изјави близок пријател на Диего Армандо Марадона.

Се вчитува...