Лоренцо Инсиње и дефинитивно се враќа назад во италијанскиот фудбал, но тоа нема да биде ниту во Наполи ниту во Лацио, клубовите кои беа заинтересирани за искусниот голгетер во изминатиот период.
Инсиње е без клуб уште од јули 2025 кога го раскина договорот со Торонто, во меѓувреме преговараше со неколку тимови, но 34-годишниот ветеран на крајот ќе заврши во Пескара. Причината е сентиментална, голгетерот сака да се врати во тимот каде ја лансираше својата кариера, за сега да и помогне на Пескара во борбата за опстанок во Серија Б.
Тој беше дел од тимот на Пескара во сезоната 2011/12 под водство на легендарниот Зденек Земан, а за соиграчи во тој период ги имаше Марко Верати и Чиро Имобиле.
Инсиње имаше 20 гола и 13 асистенции на 38 средби во дресот на Пескара, а сега е подготвен да прифати и помала плата од онаа што му ја нуди Наполи, се со цел да му помогне на поранешниот клуб. Договорот ќе биде со важност од пет месеци, со можност за продолжување на соработката за уште една година доколку Пескара обезбеди опстанок во Серија Б.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

