Ниту неверојатната последна четвртина на Ненад Димитријевиќ кој повторно беше најдобар во својот тим беше недоволна за целосен пресврт на Хувентуд во поразот од Уникаха по продолженија од 102-93.
Гостите од Бадалона имаа негатива од 16 поени пред стартот на последната четврстина кога на сцена стапи нашиот интернационелец кој целосно го врати својот тим во игра, а натпреварот замина во продолженија.
Сепак, Димитријевиќ не можеше се сам па домаќините успеаја по продолженија да слават со 102-93. Димитријевиќ натпреварот го заврши со 27 поени, надополнети со осум асистенции.
⌚ @Neno_D7 TIME!!!
? @Movistarbasket 53 pic.twitter.com/CgUN26UFXb
— Club Joventut Badalona (@Penya1930) May 1, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА