Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валјекано забележаа пораз на домашен терен од Еспањол во првиот натпревар од денешната понуда во 35. коло во шпанската Ла лига.
Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Дардер во 23. минута. До крајот на првиот дел беше 1-1 откако Де Томас во 42. минута стрелаше од пенал.
Конечните 1-2 беа дело на Меламед во 59. минута. Македонскиот чувар на мрежата беше стартер и го одигра целиот натпревар, но и неговите неколку одлични интервенции меѓу кои и таа во финишот на првото полувреме кога спречи чист погодок за гостинот не беа доволни за поволен резутат за Рајо.
▶️ @Dimitrievski1 🦸♂️#LaLigaHighlights #RayoEspanyol pic.twitter.com/1DZMlTH361
— Rayo Vallecano (@RayoVallecano) May 21, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА