Факундо Кампацо е подготвен да потпише договор со нов клуб во Европа откако раскина со Далас маверикс, а следна дестинација на одличниот аргентински плејмејкер би требало да биде Олимпија Милано.
За Кампацо пред повеќе од еден месец се шпекулираше дека е блиску до потпис со Партизан, а во последните седмици тој водеше преговори и со Реал Мадрид и со Фенербахче. Сепак, челниците на Милано успеале да го убедат Кампацо да дојде токму во овој клуб нудејќи му улога на прва ѕвезда во проектот што го предводи тренерот Еторе Месина. Финансиските детали не се обелоденети, но се очекува 31-годишниот Кампацо да потпише договор до крајот на сезонава и за дополнителни две години.
Само за потсетување, Кампацо долги години важеше за еден од најдобрите плејмејкери во Евролигата, прикажувајќи одлични игри во дресот на Реал Мадрид. Тој сепак се реши да се проба во НБА-лигата, но не се прослави, најпрвин играше во Денвер каде имаше просек од 5,1 поен и 3,4 асистенции по натпревар, по што во Далас имаше уште поскромни бројки (1,3 поени и 1,1 асистенција по натпревар).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА