Саудиска Арабија го стартуваше настапот на СП во Катар со најголема можна сензација, откако во првото коло ја совлада селекцијата на Аргентина.
Веднаш по мечот се шпекулираше дека судиските фудбалери добиле спектакуларни премии, како најнови часовници „Ролекс“ и супермодерни автомобили „Ролс Ројс“, но овие информации беа демантирани од првиот човек на Фудбалската Асоцијација на Саудиска Арабија, Јасер ал Мисехал.
„Читавме најразлични работи, но вистината е дека тие не добија ниту часовници ниту пак автомобили. Немаше никаква специјална премија, нивната награда беше фактот дека станаа познати, дека по тој меч се херои на народот. Гордоста да се биде дел од репрезентацијата и да се бранат боите на државата, тоа е чест што не може да се укаже секому и тоа е главната награда, што нивните имиња ќе останат запишани во историјата на Саудиска Арабија“, изјави Ал Мисехал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА