Ниту титулата не го спаси Чус Матео, Реал Мадрид го враќа Скариоло

Кошаркарите на Реал Мадрид станаа шампиони на Шпанија завчера, откако ја „исчистија“ Валенсија во финалната серија со победа од 3:0, но таа титула не му ја спаси работата на тренерот Чус Матео.

Тој беше заменет, а на негово место доаѓа искусниот Серхио Скариоло, кој на тој начин се враќа на клупата на Реал. Тој веќе беше тренер на „кралскиот“ клуб од 1999 до 2002 година, а за време на неговиот тригодишен мандат ја освои шпанската АЦБ лига во 2000 година.

Откако го напушти Реал, италијанскиот стручњак изгради брилијантна кариера. Како селектор на Шпанија, освои бројни медали, вклучувајќи злато на Европското првенство и на Светското првенство во 2019 година.

Тој исто така беше менаџер на многу клубови од Евролигата, а беше и помошник тренер во Торонто Репторс, со кои ја освои титулата во НБА во 2019 година.

Се вчитува...