Ниту Тудор ниту Галтие: Гатузо ќе го води Олимпик Марсеј

Легендарниот Џенаро Гатузо денеска со своите соработници треба да пристигне во Марсеј, каде што ќе потпише договор за водење на тимот на Олимпик Марсеј. Тој ќе биде новиот тренер, со оглед дека челниците на овој тим и тренерот вчера ги договориле сите детали. Останува само потписот и официјалната промоција.

Гатузо пред неколку недели се споменуваше за клупата на Лион, која остана празна по заминувањето на Лорен Блан. Меѓутоа таму беше назначен неговиот сонародник Фабио Гросо.

За Олимпик Марсеј се споменуваа Кристоф Галтие и екс тренерот на оваа екипа Игор Тудор, но изборот паднал на Гатузо.

Клупата на славниот француски тим остана испразнета откако Марселињо се реши да замине по краткиот престој во овој тим откако добивал закани од најжестоките навивачи на екипата по елиминацијата во квалификациите во Лигата на шампионите.

Се вчитува...