Реал Мадрид е на колена, капитулираше пред младиот тим на Ајакс, загуби со 1-4 на „Сантијаго Бернабеу“ и елиминиран е во осминафиналето на Лигата на шампионите. ВАР – технологијата доби свое место во елитното европско клупско натпреварување, но не ги острани сите дилеми околу регуларноста на третиот гол на Ајакс.
Душан Тадиќ во 62.минута постигна трет гол за Ајакс, задавајќи му класичен нокаут на Реал Мадрид, но остана сомнеж дека претходно во акцијата топката излезе надвор од теренот и требаше да биде досуден аут за „кралскиот клуб“. Судиите задолжени за ВАР- системот долго ја проверуваа снимката и на крајот го признаа голот.
Too bad but the ball run out of the pitch. #ChampionsLeague #RealMadridAjax #ajaxgoal #Tadic pic.twitter.com/FU43vycqic
— Vai pra Cuba! (@vaipracubablog) March 5, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА