Ниту Зидан, ниту Меси, ниту Роналдо: Касилјас го избра најдобриот фудбалер на сите времиња

Понекогаш еден потег е доволен за да се реши било каква голема дилема, а ваков вистински пример е легендарниот голман на Шпанија и Реал Мадрид, Икер Касилјас.

Касилјас играше со неверојатни фудбалски таленти во текот на својата кариера, но и против многу од најголемите фудбалери во историјата. Роналдо Да Лима, Лионел Меси, Зинедин Зидан, Кристијано Роналдо, се само некои од нив.

Сепак, откако Икер го видел потегот на Златан Ибрахимовиќ против Грузија, легендарниот Шпанец ги реши своите дилеми кој е најдобар досега.

Ибрахимовиќ навистина феноменално му асистираше на Виктор Класон, па Касилјас веднаш напиша на „Твитер“ дека е „GOAT“, односно во превод од англиски јазик, е најголемиот на сите времиња.

Швеѓанецот се врати во репрезентацијата на Шведска и уште еднаш покажа дека е класа за себе, без оглед на тоа што за неколку месеци ќе наполни 40 години.

 

Се вчитува...