Ниту Зидан ниту Терзиќ: Фенербахче изненади со изборот на нов тренер

Фенербахче ја заврши потрагата по наследник на Жозе Мурињо, но со изненадувачки избор, откако управата на турскиот гигант денеска потпиша двогодишен договор со 39-годишниот италијански стратег Доменико Тедеско.

Фенер беше поврзуван со звучно име како Зинедин Зидан, како опции се споменуваа и Терзиќ, Спалети и Консеисао, но на крајот изборот падна токму врз Тедеско, иако овој стручњак има освоено само еден трофеј во кариерата, купот на Германија на чело на Лајпциг.

„Доменико Тедеско е именуван за тренер на нашиот А-тим. Помошник ќе му биле Гокхан Гонлу, еден од бројните поранешни капитени на нашиот тим“, објави Фенербахче ан официјалната веб-страница.

Последен ангажман на Тедеско беше како селектор на Белгија од 2023 до 2025 година, пред да добие отказ поради слабите игри, но и бројните конфликти со клучните играчи во националниот тим.

Се вчитува...