Низ објективот на ЕКИПА: Кој кого фаулираше? Имаше ли пенал за Шкупи!? (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во десеттиот свој натпревар сезонава, Струга ТЛ го доживеа и првиот пораз, минимален со 1-0 на гостувањето против шампионот Шкупи во Чаир.

Клучниот момент на натпреварот беше во 53. минута кога при еден судир на офанзивецот на Шкупи, Сандеј Адетунџи и голманот на гостите Ведран Ќосевски, главниот судија Александар Ставрев покажа на белата точка.

Се чини дека Ќосевски прв дојде во допир со топката, по што следеше судирот со Адетунџи, но главниот судија Ставрев се одлучи за пенал за Шкупи. Дискутабилна ситуација која ќе предизвика многу дополнителни анализи. Како и да е, на крајот Фреди Алварез успешно погоди од 11 метри за водство од 1-0 на чаирчани.

А, и низ објективот на ЕКИПА може да погледнете кој кого фаулираше во меѓусебниот дуел, и дали имаше пенал за чаирчани…

 

 

Се вчитува...