Милан конечно најде нов напаѓач откако денеска потпиша договор со Кристоф Нкунку, францускиот интернационалец кој пристигнува од редовите на Челси.
„Росонерите“ преговараа со бројни голгетери во текот на летово, за на крајот да го договорат доаѓањето на Нкунку, кој по одличните настапи за Лајпциг не се снајде најдобро во Премиер-лигата. Големата конкуренција придонесе тој самиот да бара заминување од Челси, а Милан го искористи тоа за да го доведе Нкунку со перманантен трансфер на „Сан Сиро“.
Вкупната вредност на трансферот, заедно со клаузулите изнесува 42 милиони евра, а Французинот потпиша петгодишен договор за плата од пет милиони евра по сезона.
Нкунку го избра и бројот 18 за свој број на дресот за оваа сезона, а се очекува Французинот да дебитира за новиот клуб веднаш по репрезентативната пауза, на домашниот дуел со Болоња закажан за 14 септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

