Oдбојкарската федерација на Македонија и НЛБ Банка АД Скопје договорија едногодишна соработка на неколку месеци пред настапот на репрезентацијата на Европското првенство. Со овој договор НЛБ Банка станува Генерален спонзор на сениорската машка репрезентација на Македонија на претстојното Европско првенство.
„Да се биде Генерален спонзор на машката сениорска репрезентација претставува огромна чест и привилегија, особено што за неколку месеци ќе ги браниме боите на нашата земја во европско друштво. Кога имате два победнички тима, успехот е неизбежен, а ние од срце веруваме во нашите момци со кои соработката ја отпочнавме уште пред неколку години и во континуитет ја градиме меѓусебната доверба. Посебно сме горди на нивниот актуелен пласман на европското првенство, и ќе ги испратиме со огромна надеж и желба за унапредување на резултатите од предходниот континентален собир. Во НЛБ Банка поддршката на спортот е една од носечките категории во сегментот општествена одговорност и неговиот развој и унапредување отсекогаш биле од голема важност. Се грижиме за домашните спортски потенцијали и инвестираме во македонските одбојкари кои ќе ги бранат боите на нашето македонско знаме во септември. Да навиваме за нив и да им бидеме ветер во грб на терените“, изјави Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.
„Благодарни сме што НЛБ Банка ја препозна и поддржа нашата визија за што подбра презентација на Македонија и македонската одбојка во меѓународни рамки. Нашата федерација допрва ја чекаат големи eвропски натпреварувања: 2022 Европски шампионат во одбојка за жени до 19 години, во период меѓу 15.08 – 15.09.2022. Како и една група од Сениорско Европско Првенство 2023 година со што нашата репрезентација повторно ќе биде во друштво на најголемите! Се надеваме дека со несебичната поддршка и партнерство кои ги добивме од НЛБ Банка, ќе успееме да бидеме главните актери во една убава македонска одбојкарска приказна којашто несомнено ќе влезе во нашата спортска историја. Уште еднаш би сакал да Ви се заблагодарам на подршката, во мое лично име и име на една скромна федерација со големи соништа“, вели Петар Јовановски претседател на Одбојкарската федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА